Во Тексас стапи на сила Законот за забрана на абортус по шест недели од бременоста

Тексас протсети за законот кој забранува абортус/ Фото EPA/ASHLEY LANDIS

Законот за забрана на абортус по шест недели од бременоста стапи на сила денеска во сојузната држава Тексас.

Организациите кои се борат за правото на абортус се обидоа да го поништат овој ригорозен закон пред Врховниот суд, но Врховниот суд на САД го одби нивното барање.

Според организациите кои се борат за правото на абортус, 85 до 90 проценти од интервенциите се изведуваат по шестата недела од бременоста, што значи дека многу клиники ќе треба да се затворат.

Покрај забраната за абортус по шестата недела, овој закон им дава можност на граѓаните да ги тужат клиниките што не го почитуваат, а за возврат тие можат да добијат до 10.000 долари на суд.

Ваквата забрана не е донесена во ниту една држава од 1973 година, кога Врховниот суд го дозволи правото на абортус во случајот Ро против Вејд.

Судот потоа донесе пресуда со која законот во Тексас со кој се забранува абортусот беше ставен во сила бидејќи, според пресудата на судот, тој е во спротивност со американскиот Устав. Оваа пресуда не само што го укина законот во Тексас, туку и сите слични закони низ САД.

Гувернерот на Тексас го потпиша законот на 19 мај, но тој досега не беше применет, бидејќи беше оспорен пред судовите, потсетува Гласот на Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот