Во текот на ноќва и утре северен ветер и снег и на пониските места

Дожд / Фото: МИА

Во текот на ноќва и утре претпладне поради продор на студена воздушна маса, ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои пониски места.

Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Според прогнозата на синоптичарите, во среда и четврток ќе настапи разведрување, а утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот