Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 256 новозаразени, почина 31 лице

Илустративна фотографија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 256 нови случаи на Ковид-19, а почина 31 лице.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, направени се 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од: Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола – по 12, Струмица, Штип и Свети Николе – по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Неготино и Берово – по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница и Валандово – по 1.

Пријавено е 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).

Од пријавените, 27-мина се починати во болнички услови, а четворица се починати во домашни услови.

Направени се 2.778 тестови преку: ИЈЗ-65, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0 ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-131, Биотек-140, Систина-80, лабораторија Лаор-0, Синлаб-9, Ремедика-0, Плодност–40, Генеа-0, Никоб лаб-606, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-71, Ројал Медика –0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.

Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 78536, Активни 5919
Тетово 10606, Активни 1283
Куманово 10597, Активни 883
Прилеп 8768, Активни 269
Гостивар 7831, Активни 789
Битола 6828, Активни 274
Велес 5870, Активни 228
Охрид 5664, Активни 550
Кавадарци 5585, Активни 200
Струмица 5399, Активни 576
Штип 5394, Активни 220
Кичево 3758, Активни 522
Струга 3692, Активни 613
Кочани 3038, Активни 98
Гевгелија 2320, Активни 75
Неготино 2271, Активни 56
Свети Николе 1755, Активни 130
Ресен 1451, Активни 112
Дебар 1422, Активни 219
Радовиш 1397, Активни 114
Крива Паланка 1315, Активни 64
Берово 1156, Активни 47
Делчево 1087, Активни 79
Виница 977, Активни 40
Пробиштип 869, Активни 48
Валандово 757, Активни 29
Богданци 539, Активни 35
Крушево 516, Активни 20
Кратово 491, Активни 56
Македонски Брод 445, Активни 40
Демир Хисар 418, Активни 11
Демир Капија 402, Активни 1
Пехчево 301, Активни 5
Македонска Каменица 282, Активни 23
Дојран 138, Активни 3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот