Во тек уредувањето на две плажи на Дојранското крајбрежје

Пред официјалниот старт на годинашнава летна туристичка сезона, општина Дојран прави зафати за уредување на езерското крајбрежје со плажи кои некогаш биле најпосетувани од страна на домашните и странски гости.

По стивнувањето на пандемијата со Ковид-19 се очекува натамошно ослободување од рестриктивните мерки за заштита, а со тоа и доаѓање летово на многу повеќе туристи, со што локалната самоуправа одлучи комплетно да ја уреди најстарата плажа, некогаш познатата „Калдрма” која се наоѓа веднаш на излезот од Нов кон Стар Дојран.

– Одлучивме да го вратиме препознатливиот сјај на најстарата плажа „Калдрма” на која веќе почна расчистувањето и нејзиното уредување со средства од општинскиот буџет. Се надеваме дека со враќањето во функција на старите вредности ќе заживее духот на традицијата и ќе се зголеми туристичката понуда на регионот, рече градоначалникот Анго Ангов.

Покрај ова, во завршна фаза на уредување се наоѓа и плажата лоцирана на просторот спроти паркингот на „Гранит” која зафаќа околу 6000 квадрати. Плажата позната по месноста „Карач” ќе има капацитет за 600 гости и треба да профункционира најдоцна до стартот на Европското фудбалско првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот