Во тек судењето на лидерот на Златна Зора, кој се изјасни за невин

Лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос, на почетокот од неговиот исказ на денешното рочиште од судскиот процес против партијата, изјави дека е невин и оти станува збор за политички монтиран случај, јави дописничката на МИА од Атина.

Во преполната сала за свечености во атинскиот суд, каде што е присутна и мајката на убиениот музичар Павлос Фисас, но и поддржувачи на Златна зора, кусо по 10 часот по локално време започна сослушувањето на Михалољакос.

При влезот во салата, лидерот на Златна зора беше исвиркан од присутните, додека пак поддржувачите на партијата станаа од нивните столчиња за да го поздрават Михалољакос.

Денешното судско рочиште и сослушувањето на Михалољакос го следат и голем број претставници на грчки и странски медиуми, Во салата се присутни над 50 новинари.

Првиот човек на Златна зора, кој е обвинет за формирање и управување со криминална организација, во неговиот исказ говореше и за моментот кога беше уапсен, коментирајќи дека дошле маскирани лица со црни блиндирани автомобили „како да го апсат бин Ладен”.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, рочиштето во атинскиот суд е во тек, а сослушувањето на Михалољакос се очекува да заврши денеска или утре.

Паралелно со почетокот на рочиштето, пред судот протест одржаа антирасистички здруженија и организации.

Судот во Атина е под силно полициско обезбедување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот