Во тек се реконструкции на повеќе средни училишта во Скопје – Слободен печат
ВестиСкопје

Во тек се реконструкции на повеќе средни училишта во Скопје

Согласно со заложбите на Градот Скопје за подобрување на условите во кои учат средношколците и во кои работи наставниот кадар, се продолжува со реконструкции во средните училишта, соопштија од Град Скопје.

Во СУГС „Панче Караѓозов“ се заменуваат старите и целосно уништени врати со нови и се реконструира оштетениот под во училиштето. Во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ се врши реконструкција на покривот на училишниот објект. Во СУГС „Јосип Броз Тито“ се менува дел од старата внатрешна столарија и се поставуваат нови плочки на терасите од училниците. Во СУГС „Кочо Рацин“ се реконструираат санитарните јазли во фискултурната сала на училиштето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close