Во тек се политички консултации на повеќе нивоа, се разгледуваат опциите по Самитот на ЕУ

Во тек се политички консултации на повеќе нивоа, се разгледуваат и анализираат сите опции, велат од Владата за МИА во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решава за пристапните преговори со Северна Македонија.

Анализи и консултации се вршат и во политичките партии, а веќе има најава и за можна лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Од Кабинетот на претседателот велат дека со информација за ова прашање ќе излезат по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел.

Од ДУИ за МИА потврдија дека претседателот на партијата Али Ахмети добил покана од шефот на државата за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно”.

Засега нема потврда за тоа дали поканата веќе ја добиле и лидерите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и евентуално други политички партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот