Во тек реконструкцијата на градинката „Мајски цвет”

Фото: Архива на Слободен печат

Во полн ек е реконструкцијата на градинката „Мајски цвет” во Тафталиџе 1.

– Локалната самоуправа почна со активностите за опремување на тоалетите, со нова хигиенско – санитарна опрема (тоалетни школки, чешми и мијалници), а се поставуваат и нови плочки по ѕидовите. Речиси се заменети и сите прозорци во објектот, со што целосно ќе се подобри енергетската ефикасност на оваа детска установа, соопштуваат од Општина Карпош.

Оттаму информираат дека станува збор за објект кој повеќе години делуваше запуштено, а е лоциран во урбаното јадро на Карпош.

– Општината ја започна етапната реконструкција на „Мајски цвет” пред еден месец, а за истата се предвидени средства од Буџетот за 2020 година. Во следниот период се очекува и реконструкција на кровната површина, подот и фасадата. Исто така, предвидено е внатрешно опремување на занималните со нови дидактички материјали и инвентар, истакнуваат од општината.

Од локалната самоуправа наведуваат дека Општина Карпош продолжува да работи на подобрување на условите во предучилишното образование и зголемена детска заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот