Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците

Во тек е исплатата на повратот на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека на 14.451 земјоделци ќе им бидат исплатени  87.036.280 денари.

– Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале  своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациски единици на Управата за јавни приходи, велат од УЈП.

Право на поврат на данок на личен доход добиваат физичките лица  кои оствариле доход  од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1.000.000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави. Право имаат оние кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и немаат остварено доход по друг основ кој се одданочува согласно Законот за данокот на личен доход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот