„Во тек е втора епидемија“: Новите видови на коронавирус се присутни кај 40 отсто од новозаразените во Минхен

коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Новите видови на коронавирус станаа се подоминантни во Германија.

Според податоците на владата на германската покраина Баварија, во седмата недела кај 151 од 365 анализирани примероци, односно 41,4 отсто, утврдено е дека се работи за нов вид.

Државниот секретар во баварската влада Флориан Херман рекол дека тоа покажува дека е во тек „втора епидемија“.

Инаку во Германија веќе се присутни три вида – британски, бразилски и јужноафрикански.

Советничката на Меркел предупредува: Нова пандемија се вжештува во позадина – Мутациите на коронавирусот ќе нѐ прегазат

Германија загрижена од ширењето на новите варијанти на коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот