Во тек е конкурсот за идејно-графичко решение за јубилејот „50 години МКЦ“

Остануваат уште три дена во кои ќе биде отворен конкурсот за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ во 2022 година – со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

Младинскиот културен центар во Скопје во текот на целата 2022 година планира да го слави својот голем јубилеј – 50 години од основањето. Годишната програма ќе почне со славење на Роденден на уметноста на 18 јануари и ќе заврши со Роденден на МКЦ на 28 декември.

Деталите од конкурсот за славеничкото идејно-графичко решение ќе ги најдете на сајтот на МКЦ. Конкурсот е отворен до 12 јануари 2022 година. Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено. Аплицирањето на проектите е по електронски пат.

Селекцијата ќе биде направена од програмскиот колегиум на МКЦ, а финалниот избор од петчлена стручна комисија. Покрај јавното „благодарам“, избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000,00 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот