20 C
Скопје

Во Талин останаа четворица македонски кошаркари позитивни на ковид-19!

Македонската кошаркарска експедиција утре, рано наутро, се враќа назад во Скопје, согласно со претходно утврдениот „ред на патување“, но со мала измена.

И покрај сите обиди на раководството на нашата федерација, експедицијата да се врати назад во Скопје, во комплетен состав, дури и со специјален чартер лет од главниот град на Естонија, тоа во овој момент е неизводливо, односно невозможно. Најмногу поради строгите законски и безбедносни прописи кои важат на територијата на оваа држава на Балтикот.

По состанокот кој нашето раководство го имаше со официјалните лица на ФИБА, со директорот на „балонот“ одреден од страна на естонската федерација, како и одговорното лице за безбедност на турнирот, добиени се нови насоки поврзани со заминувањето, односно транспортот на нашиот национален тим од Талин за Скопје.

Фото: kfsm.mk

Согласно со утврдената фактичка состојба, за Скопје нема да тргнат сите планирани членови на делегацијата. Поточно, во Талин остануваат четворица наши кошаркари кај кои пред два дена било утврдено присуство на вирусот ковид-19.

Според протоколот на ФИБА за спроведување на случаите поврзани со присуство на ковид-19 во некој национален тим, а кои се на сила во овој момент, членовите на нашата репрезентација кај кои беше утврден позитивен тест на Ковид-19, нема да можат да ја напуштат Естонија, се до добивање на прв негативен ПЦР тест потврден од страна на овластена медицинска лабораторија на оваа балтичка земја направен седум дена по претходното тестирање, во овој случај, на 28 ноември.

Доколку тестовите уште еднаш бидат позитивни, во рок од три дена, нашата „четворка“ ќе мора да биде тестирана уште еднаш. И најдоцна во рок од десет дена ќе ја напушти Естонија.

Согласно со здравствените мерки, се до тој момент, заразените мора да бидат во целосна изолација, односно ставени во карантин, кој, по инсистирање на водството на нашата федерација, наместо во една од болниците во Талин, ќе биде реализиран во хотелот „Хилтон Талин Парк“, каде што и беше сместена нашата најдобра селекција во изминатиот период.

Фото: kfsm.mk

За нивната здравствена и физичка состојба ќе се грижи, едно медицинско лице од нашата делегација, односно физиотерапевтот Ненад Попоски. Едно лице од федерацијата на Естонија, како и водичот кој од страна на организаторот му беше доделен на нашиот национален тим за време на турнирот во Талин. Според претходниот план, во вторник рано изутрина, од 06.45 часот, нашиот тим, кој поради овој случај, не одигра ниту еден од двата предвидени натпревари на турнирот, полетува од Талин кон Франкфурт.

Со забелешка дека, капитенот Војдан Стојановски, наместо кон Скопје, преку Хелсинки, патува за Париз, додека пак нашиот тренер за физичка подготовка, Ерен Хангун по пристигнувањето во Франкфурт, продолжува кон Истанбул. Согласно првично утврдената патна маршрута, нашиот национален тим околу 17:00 часот треба да слета на аеродромот во Софија, од каде следува уште едно преместување, до Скопје.

Поврзани вести

УЕФА најде начин да ги казни суперлигашите, големата тројка одбива договор

Слободен печат

АБА Лига: Селекторот на кошаркарите ја растури Ц. Звезда и обезбеди мајсторка

Слободен печат

Стотка на Куманово, МЗТ Скопје го загуби третото место

Слободен печат

ВИДЕО I Навивачка фешта во Холандија: Со трактори ги испратија фудбалерите на најважниот натпревар во сезоната

Слободен печат

Се подготвува земјотрес во Англија: Салах го напушта Ливерпул, но останува во Премиер лигата?

Слободен печат

Зверев: Неверојатно, најтешко во тенисот е да се победи Надал на земја

Слободен печат

Остави Коментар