Во Тајланд уапсен лажниот Џорџ Клуни: Го користел името на актерот за да намами инвеститори

Фото: Flickr/Courtney

Во Тајланд уапсен е Италијанец осуден на затворска казна во Италија, бидејќи го користел името на познатиот актер Џорџ Клуни за да ги натера луѓето да инвестираат во неговата непостоечка компанија за облека, соопшти тајландската полиција.

Криминалистичкиот оддел на тајландската полиција соопшти дека 58-годишниот Франческо Галдели бил уапсен во саботата во Патаја, под сомневање за илегален престој во земјата. Исто така уапсена била и Вања Гофи (45), поради сомневање дека нејзината виза е истечена.

Тајландските власти тврдат дека потерница за Галдели била издадена од меѓународната криминална полиција (Интерпол).

Судот во Милано во 2010 година му одреди на Галдели повеќе од осум години затвор откако беше прогласен за виновен за користење на името на Џорџ Клуни за да измами потенцијални инвеститори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот