Во свлечиште во Еквадор загинаа најмалку 24 лица, а 12 се водат како исчезнати

Свлечиште во Еквадор/ фото: ЕПА

Најмалку 24 лица загинаа при лизгање на земјиште во еквадорската престолнина Кито, а 12 се водат како исчезнати, изјави градоначалникот Сантијаго Гуардерас, додека спасувачките тимови пребаруваа куќи и улици покриени со кал по најголемите поплави во речиси две децении.

Поројниот дожд од понеделникот вечерта предизвика поплави во кањонот во близина на работничките населби Ла Гаска и Ла Комуна. Кал и камења паднале врз куќите и предизвикале прекин на електричната енергија.

Агенцијата за вонредни состојби соопшти дека се повредени 48 лица.

Властите се уште не ја отфрлија можноста за нови свлечишта. Канцеларијата на градоначалникот организираше засолништа за погодените семејства и почна да ги расчистува улиците.

Во понеделникот во Кито наврнаа 75 литри дожд на метар квадратен, најмногу во последните речиси две децении.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот