Во светот секое дете е сведок на булинг, ниту кај нас состојбата не е поразлична

Во потешки случаи, булингот може да резултира и со повреда, смрт, психолошка траума, пречки на развојот кај младата личност, велат експерти, Фото: МИА

Булингот е се поприсутен помеѓу тинејџерите, но се помалку препознаен од самите нив, како и од наставниците и родителите. На оваа тема денеска во организација на Форум театар беше прикажана претстава која, како што велат организаторите, има за цел да го прикаже насилството од поблиска перспектива.

– Постојано се трудиме во однос на младите да најдеме креативни начини за справување со оваа проблематика, но и да ги вклучиме младите, за да го слушнеме нивниот глас и размислување за проблемите кои ги засегаат. Проблемите помеѓу врсниците најчесто ги пријавуваат возрасните. Тинејџерите поради срам или страв не се охрабруваат да пријават булинг. Но, често пати и не можат да препознаат дека се жртви на врсничко насилство – посочи Ана Битољану, мировна работничка во Меѓаши.

Таа апелираше до младите, да пријават на возрасно лице во кое имаат доверба, да се одмине стигматизацијата на детето кое доживува насилство, и да сфатат дека насилството не е модерно.

– Статистиката покажува дека на светско ниво, секое дете било сведок на вербално, физичко или сајбер насилство, а ситуацијата не е поразлична ниту во Македонија – информира Битољану.

Владо Караев од Форум Театарот вели дека театарската техника многу полесно допира до младите, за разлика од предевањата, од која можат да научат како децата, така и возрасните.

Во средното училиште „Никола Карев“ две години се одвива анти булинг проект, кој децата самоиницијативно го формирале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот