Во светот повеќе од 154 милиони луѓе заразени со ковид-19

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Бројот на заразени луѓе во светот со Ковид-19 изнесува над 154 милиони, а активни случаи се околу 19,4 милиони, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометерс”(Worldometers).

Досега со коронавирусот се инфицирале 154 195 608 луѓе, од кои 3 227 188 починале од последици со ковид-19, а оздравеле 131 615 229.

САД се на прво место по бројот на заболени (над 33 милиони) и починати (над 591 000) лица. На второ место по бројот на инфицирани луѓе е Индија (над 20 милиони), а потоа следи Бразил (над 14 милиони). Додека според смртните случаи, Бразил е на второ место (со над 408 0000 починати), а на трето е Мексико (повеќе од 217 000).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот