Во светот околу 500 новинари починаа од последици од Ковид-19

Викторија, Австралија / Октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

 Организацијата „Прес емблем кампејн” (Press Emblem Campaign) со седиште во Женева објави дека од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 во 56 држави починале 489 медиумски работници.

ПЕЦ, со седиште е во Женева, наведе дека некои земји не пријавиле смрт на медиумски работници или не биле тестирани постмортен.

Според истражувањето на ПЕЦ најголем  број на смртни случаи кај медиумските работници има во Јужна Америка. Во Перу од последици од новиот коронавирус починаа 93 новинари, во Индија – 51, во Бразил – 43, во Еквадор – 41 и во Бангладеш – 39.

Во Мексико од Ковид-19 починаа 33 новинари, во САД – 25, во Пакистан – 12, во Панама – 11, во Англија – 10, во Боливија починаа девет, во Нигерија – осум, а во Авганистан, Доминиканска Република и во Хондурас починаа седум, шест во Аргентина, Никарагва и Венецуела, по пет смртни случаи се забележани во Колумбија, Франција, Русија и Шпанија и четворица во Италија.

– Ова е огромна загуба. Расте бројот на жртвите помеѓу новинарите во земјите како што се Индија, Бразил, Аргентина и Мексико, изјави генералниот секретар на ПЕЦ, Блејз Лемпен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот