Во светот над 62,5 милиони луѓе се инфицирани со ковид-19

Фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Во светот со новиот коронавирус инфицирани се 62,57 милиони луѓе, а од последици од заразата починаа 1.458.309 лица во 210 земји и територии во светот.

Според интернет-страницата „Ворлдметар” досега оздравеле 43.194.258 пациенти, а 17.920.855 се активни случаи.

Најголем број на инфицирани со Ковид-19 регистрирани се во САД – 13.610.357 луѓе, потоа следи Индија со 9.393.039, а на трето место е Бразил со 6.290.272 заразени лица.

САД со 272.254 починати се на прво место и по бројот на смртни случаи, на второ место е Бразил, каде починаа 172.637 луѓе, а на трето место е Индија каде од последици од Ковид-19 починаа 136.733 луѓе.

Во Русија се регистирирани 2.242.633 новозаболени и 39.068 починати, а од европските држави најпогодена е Франција со 2.208.699 инфицирани и 52.127 смртни случаи, а потоа е Шпанија со 1.646.192 заразени и 44.668 починати лица.

Велика Британија со 1.605.172 потврдени случаи, има помалку заразени лица од Шпанија, но поголем број на смртни случаи – 58.030.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот