Во светот над 4 милиони починати од ковид-19, Македонија и БиХ меѓу земјите со највисока стапка на смртност

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Четири милиони и 163.235 луѓе починале од коронавирус во светот, додека 194 милиони и 121.850 биле заразени, објави денеска Франс прес.

Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

Соединетите држави беа меѓу најтешко погодените според бројот на смртни случаи и инфекции, со 610.891 смртни случаи и 34.443.826 заразени.

Следат Бразил со 549.924 смртни случаи и повеќе од 19,6 милиони заразени, Индија со 420.967 смртни случаи (31.411.262 заболени), Мексико со 238,424 смртни случаи (повеќе од 2,7 милиони заразени) и Перу со 195.890 смртни случаи (2.104.394 заразени).

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најголем број на смртни случаи по глава на жител, 594 на 100.000 жители. Следат Унгарија (311), БиХ (295), Чешка (283) и Северна Македонија (263).

Латинска Америка и Карибите имаат 1.357.502 смртни случаи (40.235.611 заразени), Европа 1.195.318 починати (57.495.239 заразени), Азија 648.934 смртни случаи (43.747.337 заразени), САД и Канада имаат 637.438 починати (35.870.041 заразени лица), Африка 164.546 смртни случаи (6.488.912 заразени лица) , Блискиот исток 158.175 смртни случаи (10.218.483 заразени лица) и Океанија 1.322 починати лица (76.232 заразени лица).

Агенцијата Франс Прес прави дневен биланс заснован на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.

Инаку во Македонија во последните 24 часа се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19, а две лица се починати, информираше Министерството за здравство.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот