Во светот денеска рекорден број новозаразени: СЗО признава дека не може да се искорени вирусот

epa08424204 A handout picture made available by Moscow News Agency shows cemetery workers wearing protective suits during a burial ceremony for COVID-19 victim at the Butovskoye Cemetery in Moscow, Russia, 15 May 2020. According to official data, as of 15 May 2020, the total number of deaths in Russia from COVID-19 disease which is caused by SARS-CoV-2 coronavirus, exceeded 2,400 people, with over 1,350 in Moscow. EPA-EFE/Zykov Kirill / Moscow News Agency Handout MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Светот со елиминираање на кластерите на заразата „потенцијално би можел да го избегне најлошото, новите пикови на пандемијата и враќањето назад на карантинските мерки“.

СЗО извести денеска дека во последните 24 часа во светот се забележани рекордно нови 228.102 случаи на зараза од коронавирус.

Најголемо зголемување на бројот на заразени има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка. Претходен рекорд беше 212.326 нови случаи и тоа на 4. јуни. Бројот на починати од новиот коронавирус останува околу 5.000 дневно.

Бројот на случаи на ковид-19 во средата надмина 12 милиони според податоците на Ројтерс, а во седум месеци од ширењето на болеста, почина над 555.000 луѓе.

Мајк Рајан, од СЗО програмата за вонредни состојби, рече во петокот дека не е веројатно дека новиот коронавирус ќе се искорени.

„Во сегашната ситуација не е веројатно дека можеме да го искорениме вирусот“, рече тој на конференцијата за медиуми во Женева.

Тој рече дека светот со елиминираање на кластерите на заразата „потенцијално би можел да го избегне најлошото, новите пикови на пандемијата и враќањето назад на карантинските мерки“.

Рајан рече и дека појавата, на честото смртоносно воспаление на белите дробови во Казахстан „сигурно е на нивниот радар“ и додаде дека е можно да се работи за ковид-19.

„Влезната патека на ковид-19 во таа земја сугерира дека многу случаи всушност се недијагностицирани случаи на ковид-19“, оцени тој.

Марија ван Керхове, од СЗО надлежна за пандемијата на ковид-19, рече дека преносот на новиот коронавирус преку воздух секогаш бил причина за загриженсот, но дека изгледа капките се највообичаениот пат на заразата.

„Трансмисијата на аеросоли е една од формите на трансмисија која не загрижува од почетокот, посебно во здравствените установи каде знаеме дека тие капки можат да се претворат во аеросоли, што значи дека може да останат во воздух“, рече таа на конференцијата за медиуми.

СЗО вчера објави нови насоки во поглед на преносот на заразата од коронавирус, во кои наведе дека постојат некои извештаи за трансмисија преку воздух, но сепак не потврди дека се шири преку воздух, што пак не може да се спречи со социјално дистанцирање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот