Во Суринам запленети 900 килограми кокаин на врв на планина

Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Кубанецот бил задолжен за следење на кокаинот на плато на висорамнината Тафелберг во Централниот природен резерват, каде полицијата ја спроведе акцијата.

Полицијата во Суринам заплени 900 килограми кокаин и уапси Кубанец при операција спроведена на врвот на една од највисоките планини во оваа мала јужноамериканска земја.

Кубанецот бил задолжен за следење на кокаинот на плато на висорамнината Тафелберг во Централниот природен резерват, каде полицијата ја спроведе акцијата.

Претседателот на Суринам, Чан Сантоки, рече дека акцијата следи по договорот со претседателот на Гвајана, Ирфан Али, за соработка во операциите со наркотици.

– Ова е прв резултат на таа соработка, која се заснова на добра размена на информации, рече Сантоки.

Запленивме дрога и други предмети, но мора да ги уапсиме и оние кои беа задолжени за нивна набавка, нагласи претседателот на Суринам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот