Во судот се „бомбардираа“ куќите на Латас во Зелениково

Латас / СП. архива

Два часа обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Елизабета Јосифовска денеска на судското рочиште за случајот „Тревник“, во кој обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите двајца браќа, Срѓан и Звездан презентираше нови 33 „бомби“ за случајот, како и материјални докази.

Сите докази на СЈО се однесуваа на тоа како Латас договара, преговара и купува градежен материјал за изградба на викендичка во скопско Зелениково. Снимките се од 2012 година кога се градела куќата. јавноста можеше да дознае што се употребил Латас како градежен материјал за куќата, а се дозна и тоа дека неговата сопруга била „главна“ за ликот на куќата.

Откако обвинителката ги презентираше сите нејзини докази, една од адвокатките на обвинетите, Светлана Савиќ ги оспорува доказите СЈО притоа нагласувајќи дека ова обвинителство немало право да доставува нови докази. Според обвинението, браќата изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно граделе без одобрение за градење. Тројцата браќа, според обвинителниот акт, незаконски изградиле три куќи на плац во Зелениково со површина од 551 квадратен метар. СЈО тврди дека тие куќите ги граделе иако немале целосна документација за градба, односно одобрение за градба од Општина Зелениково добиле во 2013 година кога куќите наводно биле изградени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот