Во судирите во Нагорно Карабах ги бројат мртвите – досега 31 војник

Фото: EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENSE MINISTRY HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Властите во регионот Нагорно Карабах денеска потврдија дека уште 15 војници се убиени во судирот со азербејџанските сили, со што вкупниот број настрадани достигна 31.

Во неделата, властите од тој регион објавија дека 16 војници се убиени, а над 100 се повредени.

Ескалација на конфликтот во Нагорно Карабах: Стотици загинати ерменски војници (ВИДЕО)

Претходно, претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах пријави десетици убиени и ранети, така што не беше прецизирано колку се настрадани.

Борбите во регионот траат од неделата наутро меѓу силите на Ерменија и Азербејџан. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот.

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека Карабах бил „подложен на воздушни и ракетни напади” од Азербејџан. Баку тврди дека ерменските сили први отвориле оган, а азербејџанските трупи започнале со контраофанзива.

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан: Зошто започнаа и како светот гледа на нив? (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот