Во судирите во Кашмир убиен командант на „Хизбул Муџахедин”

Двајца бунтовници се убиени денеска, во друга престрелка, во близина на истото место. 

Индиските воени сили убиле четворица бунтовници во вооружените судири во Кашмир, меѓу кои и командантот на една од најголемите сепаратистички групи што се борат против Њу Делхи во спорната област на Хималаите, соопштија полициските власти.

Стотици индиски војници беа испратени доцна синоќа на југот на Кашмир, откако добиле дојава дека Ријаз Наико, командант на групата „Хизбул Муџахедин”, се крие во едно село во областа.

Главниот инспектор на полиција во Кашмир потврди дека војската го опколила Наико во домот во кој се криел и дека бил убиен во престрелката што следувала, заедно со тројца негови соработници.

Тој додаде дека уште двајца бунтовници се убиени денеска, во друга престрелка, во близина на истото место. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот