6.8 C
Скопје

Во Струшката болница нема место, се бараат алтернативи

Предвидените десет легла за пациенти позитивни на ковид-19 во Интерното одделение во Струшката Општа болница се исполнети.

Во моментот, како што информира директорот Мухамед Асани, хоспитализирани се 13 пациенти.

– Единаесет се позитивни на Ковид 19, а двајца пациенти чекаат резултати. На Интерното одделение беа планирани 10 кревети, но се снаоѓаме. Ја чекаме монтажната болница. Додека да стигне се трудиме да се прилагодиме според потребите, изјави Асани за МИА.

Тој посочи дека имаат и други опции за преадаптација на други одделенија од болницата за болни од Ковид 19.

– Изнаоѓаме алтернатива за згрижување на пациенти со потешка слика, нагласи Асани.

Општата болнца – Струга нема Инфективно одделение, па заразените со коронавирус од Струга и Струшко се хоспитализираат во посебен дел во Интерното одделение, кое расолага со 30 легла, а за болни од ковид 19 предвидени беа 10 кревети.

Прочитајте и...  Албанија обезбеди 100.000 брзи тестови за коронавирус

Утрово гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше директорот на ЈЗУ Општа Болница- Охрид, Горан Балевски, кој истакна дека и охридската болница е исполнета.

Правиме реорганизација, и сме во состојба да примиме 40-45 пациенти, а притоа да оставиме болницата да може да ги лекува и другите пациенти со различни болести- рече д-р Балевски.

ВИДЕО | Д-р Балевски: Нема да оставиме ниту еден пациент, а при тоа да не му најдеме место во болница

Поврзани вести

Германија веќе се подготвува за нова пандемија

Слободен печат

ВИДЕО: Историски чекор кон декриминализација на марихуаната во САД

Слободен печат

Вирусолог од Вухан: Во Азија има уште коронавируси кои можат да се пренесат на луѓето

Слободен печат

Судот го презакажа судењето за убиството на Оливер Ивановиќ

Илинка Иљоска

Села: Одредени пратеници ќе ја злоупотребуваат можноста за онлајн-присуство

Слободен печат

Николов: Изградба на 100 типски куќи за социјално ранливите, во 21 век секој заслужува топол дом

Слободен печат

Остави Коментар