Во Струмица ќе се прикажува филмот „Сведок” на режисерот Митко Панов

Во понеделник во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица, ќе биде прикажан филмот „Сведок” по сценарио и режија на Митко Панов, беше соопштено на денешната прес конференција. Во филмот, кој е копродукција од повеќе земји, главната улога ја толкува актерската легенда, Бруно Ганц, кој почина во февруари година.

Според режисерот Панов, чии родители се од Струмица, филмот е една семејна и морална драма со елементи на романса.

– Многу ми е жал што не можеме заедно со Ганц да го промовираме филмот во нашата земја. Тој беше тука во 2015 година на Фестивалот „Манаки” во Битола и се договоривме повторно да се сретнеме на премиерата на филмот. За жал тоа не го дочекавме, но сакам да истакнам дека тоа му е последната главна улога – истакна режисерот Панов, кој додаде дека во неговиот филм игра уште и македонската актерка, Наташа Петровиќ.

Поголем дел од филмот е сниман во Македонија, но и на локации во Хрватска и Ирска, а премиерата на филмот беше лани во Скопје.

„Сведок” е дел од филмската трилогија на Панов заедно со „Војната заврши” и „Земјаци”.

Роден е 1963 година во Скопје. Дипломирал режија на Филмската школа во Лоѓ, Полска. Панов живее во Швајцарија, а поседува македонско и швајцарско државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот