Во Струга приведен криминалец од Скопје по распишана централна потерница

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Полициски службеници од ОВР Струга во соработка со Единицата за внатрешни работи Карпош вчера го лишиле од слобода М.Т.(27) од Скопје, за кого била распишана централна потерница за издржување на затворска казна.

Како што соопшти МВР, М.Т. е осуден на казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, по член 383 од Кривичниот законик.

Тој бил приведен во Полициска станица Струга, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот