Во Струга потврден уште еден случај на пациент заразен со сојот омикрон

ковид амбуланта
Ковид-амбулантно возило / фото: МИА

Во Струга е потврден случај на пациент заразен со омикрон, новиот сој на Ковид–19 информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова–Коровешоска.

Се работи за асимптоматски случај кај повозрасен пациент, вакциниран со две дози „Фајзер”.

-Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави д-р Струлакова–Коровешоска.

Според анкетниот лист, таа посочи дека пациентот не знае од каде се заразил, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.

Првиот случај на пациент заразен со сојот омикрон во земјава беше регистриран минатата недела, кај патник кој дошол од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот