Во Струга ќе биде отворена конференцијата „МЕФ 2019“- Слободен печат
ВестиЕкономија

Во Струга ќе биде отворена конференцијата „МЕФ 2019“

На настанот што ќе се одвива во наредните два дена, чија тема е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ .

Денеска во струшкиот хотел Изгрев официјално ќе биде отворена меѓународната конференција за енергетика „Македонски енергетски форум – МЕФ 2019“. Воведно обраќање ќе има премиерот Зоран Заев и вршителот на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Микаела Швајцер-Блум.

На настанот што ќе се одвива во наредните два дена, чија тема е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.

Расправата ќе се одвива прекупет панели, а на првиот панел на тема „Енергетска транзиција во светот и регионални предизвици во пристапувањето кон глобалниот тренд“ ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Енергетската заедница Јанез Копач.

Модератор ќе биде директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Драган Миновски, а покрај Анѓушев и Копач ќе говорат и косовскиот и црногорскиот министер за економија, Валдрин Лука и Марко Радуловиќ.

За денеска е предвидено да се одржат уште два панела од кои првиот ќе биде на тема „Жените во енергетиката – можности и предизвици за родова еднаквост“, а вториот „Регионални предизвици во снабдувањето со природен гас“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close