Во СТРАШНА сообраќајка загинаа три лица кај Суботица – Преживеа само детето на возачот

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Три лица починале на лице место, а едно дете е повредено при страшна сообраќајка, која вчера утрината се случила на автопатот Нови Сад – Суботица, на местото Жедник, кога автомобилот влетал под камион. Според информациите на австриските медиуми, животите ги изгубиле Сафет А., неговиот брат Сами А. и роднината Месут К., а со повреди се здобил осумгодишниот син на Сафет.

Австрискиот сајт ое24 наведува дека автомобилот од марка Ауди, буквално се набил на приколката на камионот, веројатно бидејќи возачот од Сивас, во Турција, после 21 час возење и пет часа пред следната станица во Беч заспал зад воланот.

Не е познато дали Сафет А., од Беч требал да продолжи директно за Форалберг и само да го пренесе братот Сами А., во Беч. Се знае само дека двајцата браќа, од кои постариот е познат бизнисмен и еден од основачите на бечката партија „Заедно за Беч“, загинале во страшната несреќа. Нивниот шура Месут К. кој седел позади, исто така загинал. Преживеан е единствено осумгодишниот син на Сафет А. Мајката на детето не била во колата.

Потсетуваме, несреќата се случила околу 6.20 часот на местото Жедник, а увид направила полицијата и заменикот на јавниот обвинител од Суботица. Засега е познато дека на лице место умреле три лица од патничкото возило ауди, додека едно дете е пренесено во болницата во Суботица.

Како што дознава „Блиц“, камионот со српските регистерски ознаки се движел во правец на граничниот премин Хоргош, со брзина од 80 километри на час. Со голема брзина му се приближил и потоа удрил во него возачот на Ауди, со австриска регистрација, во кој биле турски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот