Во српско брашно петпати повеќе афлатоксин од дозволеното
З.Т
Пред
Швајцарија повторно повлекува од пазарите пченкарно брашно со потекло од Србија – овојпат станува збор само за жолто брашно, а причината е значително поголема количина на афлатоксин од дозволеното со закон, објави РАСФФ, европскиот систем за брзо алармирање и информирање за храната.
Според веб-страницата на РАСФФ, дозволената количина на афлатоксин во пченкарното брашно е 2 µg/kg – ppb (два микрограми на килограм). Во примерок од брашно земен на 10 јули годинава, присуството на микотоксинот афлатоксин Б1 е откриено во поголема количина од дозволеното: во жолтото пченкарно брашно – 11,4 μg/kg, што претставува дури 5,7 пати повеќе од дозволеното.
Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е повлечен од пазарот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Албанскиот премиер Еди Рама синоќа за време на активност организирана од младите на Фондацијата „Арбен Џафери“ рече дека не само за Албанија, туку и за сите Албанци, постои само еден начин да се постигне она што Арбен Џафери, го нарекуваше интеграција во европскиот систем на вредности: со ориентација на гледање во иднината и гледање на …
Кај социјалдемократијата се забележува едно прилично неолиберално свртување, каде што практично многу социјалдемократски партии некако влегуваат во брак со големите корпорации и компании и мислам дека тоа е она што кај дел од гласачкото тело, особено кај средната класа и подолу, предизвикува некаков презир. И можеби некаков пресврт во Социјалдемократскиот сојуз би бил добар, вели …