Во Средоземното море се удавиле 1.000 мигранти, така е веќе шест години по ред

Мигранти, Либија / Фото: Архива

Повеќе од 1.000 мигранти и бегалци во текот на оваа година се удавија во Средоземното море и ова е веќе шеста година во која е регистрирана истата бројка, објавија Обединетите нации.

– Не може да се дозволи овие трагедии во Средоземното море да продолжат – вели Чарли Јаксли, портпарол на УНХЦР, агенција која ги повикала членките на ЕУ да ги реактивираат операциите за потраги и спасување.

Според податоците на УНХЦР, во 2015 година кон западна Европа се упатиле повеќе од милион мигранти и бегалци, а оваа година таа бројка е значително помала, околу 78.000 бегалци, благодарение на договорот на Унијата со Турција да се спречи приливот на мигранти во Грција.

Мигрантите сега најчесто се упатуваат кон Либија и останатите северноафрикански земји.

– Треба да се истакне дека околу 70 отсто од смртните случаи на мигранти се во средиштето на Средоземното море, при обид да се премине преку море од Либија кон Малта или Италија – објаснува Јаксли.

Од 2014 година, повеќе од 18.000 луѓе го загубиле животот при обид да го преминат Средоземното море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот