Во среда е закажана седницата на Собранието за избор на нови министри

Седницата на Собранието на Република Северна Македонија на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата, е закажана за среда во 11 часот. На истата 103. седница е и предлогот за разрешување на министрите кои ќе бидат сменети.

Предлогот за избор на нови министри во Владата, премиерот Зоран Заев го достави денеска до претседателот на Собранието Талат Џафери. Трајан Димковски е предложен за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската министер за финансии ќе ја преземе лично премиерот, кој, како што кажа порано, денеска, ќе ја извршува оваа функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот