Во среда целодневен штрајк на аеродромот во Приштина

Фото: Миа

На 21 август најавен е целодневен штрајк на аеродромот во Приштина, соопштија од Независниот синдикат на вработените на тој аеродром.

Од друга страна, меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина соопшти дека и покрај најавениот штрајк на вработените сите летови меѓу 19 и 21 август ќе бидат реализирани.

Вработените на аеродромот денеска беа еден час во штрајк. За утре е најавен штрајк што ќе трае од 8 до 10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот