Во Србија воведоа ковид-сертификати за влез во кафеани и дискотеки, ќе се бараат само по 22 часот

Фото : Архива

Притиснати од растечките бројки на заразени и починати од ковид-19, српските власти денеска соопштија дека воведуваат нови антиковид-мерки. Од сабота, за влез во угостителските објекти ќе бидат задолжителни сертификати за вакцинација, но граѓаните ќе мора да ги покажат само по 22 часот.

„Сѐ ќе продолжи да работи и нема забрана за излегување ноќе, но отсега ќе биде неопходно луѓето да бидат вакцинирани, да имаат потврда за прележан ковид најмногу седум месеци наназад или негативен тест – ПЦР не постар од 72 часа или антигенски тест не постар од 48 часа. Граѓаните кои не ги исполнуваат овие услови нема да можат да престојуваат во затворениот простор на угостителските објекти, клубовите и дискотеките по 22 часот,“ соопшти денеска премиерката Ана Брнабиќ.

Инспекциите се подготвени, како и комуналните, кога станува збор за проверка на ковид-пропусниците. Комуналната полиција ќе ги контролира сите инспектори, најави таа.

Антигенскиот тест не смее да биде постар од 48 часа.

„Ако сакате свадба на отворено, не ви треба ковид-пропусница. Исто така, ако сакате прослава во ресторан, која трае до 22 часот, исто така, не мора ковид-сертификат. Не треба да се вакцинираат сите гости што доаѓаат, но тогаш мора да се тестираат“, појасни Брнабиќ.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, проф.-д-р Бранислав Тиодоровиќ, рече дека медицинскиот дел од штабот ги поддржал ковид-сертификатите и нагласи дека тие пропусници не загрозуваат ничии права.

„Ова се однесува и на свадбите, прославите, журките… Вака се покренува механизмот со кој подоцна, во некое догледно време, би се применувало понатаму. Да се разбереме, според својата содржина, сертификатот не ги загрозува човековите права, дали некој се вакцинирал или не, тоа е негово право, но ако сака да престојува во угостителски објект по 22 часот, мора да има или сертификат или потврда или негативен тест за ковид“, рече Тиодоровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот