Во Србија вкупно 44 починати и 1.624 заразени лица од коронавирус

Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи со што вкупниот број на починати се искачи на 44 лица, изјави на редовната прес конференција на владиниот кризен штаб лекарот Горан Стевановиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Стевановиќ изјави дека од 645 тестирани, регистрирани се 148 нови лица заразени со коронавирус, со што бројот на вкупно заразени во Србија се искачи на 1.624 лица.

Досега вкупно се хоспитализирани 1.046 пациенти, од кои 89 лица се водат како тешки случаи и ставени се на респиратор, кажа Стевановиќ.

Бројот на тестирани лица во Србија заклучно со денеска изнесува 6.401.

Пациентите кои се со полесни симптоми на заразата се сместени во карантин на Белградскиот саем, кои за денеска најавија штрајк со глад доколку повторно не бидат тестирани, па на барање на омбудсманот денеска се тестирани.

-Сите 69 лица кои се на Белградскиот саем, се тестирани и 38 пациенти беа негативни на тестот и тие доколку и на повторениот тест бидат негативни, ќе бидат пуштени дома, изјави на прес конференцијата началникот на Инфективната клиника во Белград, д-р Горан Стевановиќ.

Тој оцени дека Србија се уште ја држи заразата под контрола, апелирајќи до граѓаните да се придржуваат на вонредните мерки, без кои бројките би биле за десет пати поголеми.

На прес конференцијата граѓаните беа потсетени на новите мерки за забрана за движење за денеска (40 часовен полициски час), која почна во 13 часот и ќе трае до 05 часот во понеделник.

Вчера како што изјави премиерката Ана Брнабиќ, Србија навлезе во „најтешката фаза во справувањето со епидемијата” и доколку епидемијата продолжи да се шири со засилено темпо, ќе бидат воведени „најстроги рестриктивни мерки.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот