Во Србија уште 236 новозаразени, 9 лица починаа

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 236 новозаразени лица од коронавирус.

Во истиот период се тестирани вкупно 6.251 лица, што значи дека се заразени 3,77 отсто од тестираните.

Починати се уште 9 пациенти, а на респиратори се наоѓаат 106 лица.

И покрај смирувањето на ситуацијата и падот на бројот на заболени, надлежните јасно потенцираа дека на размислуваат за ублажување на рестриктивните мерки и дека најголемо внимание посветуваат на почетокот на новата училишна година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот