Во Србија седум нови смртни случаи, вкупно заразени 2.200 лица

Во изминатите 24 часа, зголемен е бројот на тестирани со 1.192 лица, од кои регистрирани се 292 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија се 2.200 лица.

Во Србија во изминативе 24 часа регистриран се седум нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се искачи на 58 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Од седумте починатите тројца се мажи и четири жени со просечна старост од 64,5 години, или досега починати се 42 лица од машкиот поли и 16 жени, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,63 отсто, изјави на денешната владина прес конференција членот на кризниот штаб, проф.д-р Предраг Кон.

Во изминатите 24 часа, зголемен е бројот на тестирани со 1.192 лица, од кои регистрирани се 292 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија се 2.200 лица.

Досега вкупно се хоспитализирани 1.197 пациенти, од кои 101 лице се тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Кон.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес изнесува 8.552 лица, од кои заразени со коронавирус се 2.200 лица.

На прес конференцијата беше повторено дека епидемијата нема граници и не бира, така што по случајот со породилиштето ГАК Народен фронт во Белград со 48 заразени од вработените и 75 кои се во карантин, денес и на Инситутот за кардиоваскуларни болести „Дедиње”од вработените позитивни на вирусот биле 67 лица од кои 11 се лекари, како и 9 пациенти.

-Наш приоритет ќе ни биде сузбивањето на вирусот во здравствениот систем, кажа Кон, кој додаде дека вкупно во Србија се тестирани 868 здравствени работници, од кои 160 биле позитивни на заболувањето.

.Денес министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, изјави дека 900 припаданици на МВР се во изолација, од кои кај 31 е потврден коронавирусот. Тој кажа дека казната за кршење на полицискиот час изнесува 1.280 евра, за кршење на мерката самоизолација до три години, а доколку се загрози нечиј живот-до 12 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот