Во Србија се вакцинираат многу повеќе луѓе откако Вучиќ им вети по 25 евра

epa09180548 A doctor directs a patient to the vaccination booth at the Covid-19 vaccination center at the Usce shopping center in Belgrade, Serbia, 06 May 2021. Serbia is trying a new tactic in an attempt to boost its vaccination process by getting the younger population to get the jab at shopping centers and with a promised payment of 25 Euros for all vaccinated before the end of May 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На 2 мај, Србија има 2.028.490 вакцинирани со првата доза, а три дена подоцна, кога е објавено дека државата финансиски ќе ја охрабри вакцинацијата, дополнителни 43.145 лица ја примиле првата доза, а на 8 мај, бројот на вакцинирани достигна 2.140.266 .

Бројките на коронастатистиката во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат дека кампањата за вакцинација ги покажува првите ефекти од ветената државна награда од 25 евра вакцинирани, па се зголемил бројот на граѓани кои сакаат да се вакцинираат.

Дали со награди се зголемува подготвеноста да се прими вакцина?

Минатата среда на предлог на претседателот Александар Вучиќ, српската Влада донесе одлука за зајакнување на кампањата ветувајќи по 25 евра на сите досега вакцинирани граѓани и на оние кои ќе ја примат првата доза до 31 мај.

ВИДЕО: Невидени гужви во Србија, освен вакцини се даваат пари и ваучери во познатиот трговски центар Ушќе во Белград

На 2 мај, Србија има 2.028.490 вакцинирани со првата доза, а три дена подоцна, кога е објавено дека државата финансиски ќе ја охрабри вакцинацијата, дополнителни 43.145 лица ја примиле првата доза, а на 8 мај, бројот на вакцинирани достигна 2.140.266.

Луѓе чекаат да примат вакцина во трговскиот центар „Ушќе“ во Белград, 9 мај 2021, Србија. Сите оние што се вакцинираа од петокот до недалата, освен што добија 3000 динари или приближно 25 евра, им беше врачен и ваучер согласно денот кога се вакцинирале за шопинг во одредени продавници во овој трговски центар. Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кампањата за вакцинација продолжува на два начина, следејќи ги апликациите преку државниот е-систем и без регистрација на местата за вакцинација во локалните здравствени домови и на Белградскиот саем.

Вучиќ: За вакцинираните дополнителни 3.000 динари, платено боледување и сертификат за патување

Кризниот штаб реши во Србија од петок да се отворат и кафеаните и рестораните во затворен простор

Уште 104.130 дози „Фајзер“ пристигнаа во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот