Во Србија пописот на населението продолжен во повеќе општини

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Рокот за завршување на пописот на населението во Србија истекува денеска, а Републичкиот завод за статистика (РЗС) најави дека пописот ќе се продолжи за еден до седум дена, за да се попишат сите жители на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Снежана Лакчевиќ, помошник директор на РЗС, денеска изјави дека во Србија заклучно со 30 октомври се пописани околу 6.300.000 граѓани, околу 3.450.000 станови и околу 2.400.000. домаќинствата.

-Во Републичкиот завод за статистика континуирано ја следиме состојбата на терен, односно како се одвиваат пописните активности. Можам да кажам дека во повеќето единици на локалната самоуправа пописот е завршен или ќе биде завршен денеска. т.е во предвидениот рок. Во тек е сеопфатна анализа и во текот на денот ќе ја информираме јавноста за резултатите од таа анализа, изјави Лакчевиќ.

Засега е извесно дека пописот ќе биде продолжен во некои општини во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

Од РЗС известија и дека пописот ќе биде продолжен во околу 30 општини на ниво на Србија, во времетраење од еден до седум дена, во зависност од потребите на конкретната општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот