Во Србија се намалува бројот на новозаразени со ковид-19, едно лице почина во последните 24 часа

epa08677221 An audience members temperature is being measured at the entrance of the Belgrade philharmonic orchestra in Belgrade, Serbia, 17 September 2020. Belgrade philharmonic orchestra reopens concerts for public after it was closed due to the coronavirus pandemic. EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Од 5.268 тестирани примероци во последните 24 часа во Србија, коронавирусот е потврден кај 30 лица, а Министерството за здравство регистрирало еден смртен случај.

Во болниците ширум Србија има 279 пациенти заразени со коронавирусот

Откако минатата недела бројот на нови случаи продолжи да опаѓа и во понеделникот беа регистрирани 84 нови случаи, а вчера 72, денес се регистрирано само 30 позитивни лица на ковид-19.

Денес има 279 заболени од коронавирусот кои се на болничко лекување ширум Србија, од кои 20 се на респиратор и на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата на 6 март, Србија пријави вкупно 1.120.363 тестирања и 33.414 потврдени случаи на ковид-19, додека 748 лица починаа како резултат на инфекцијата, со 2,24 проценти смртност.

Кризниот штаб денеска донесе одлука да го продолжи работното време на кафулињата и рестораните што немаат отворени тераси за уште еден час, од 22 до 23 часот.

Таквиот потег, како што е објаснето, „во никој случај не може да се нарече ублажување на мерките“, затоа што сега не е време за такво нешто, туку е промена на усогласувањето со временските услови и одморите.

Кризен штаб: Сегашната поволна епидемиолошка состојба е одраз на исклучиво високата одговорност на граѓаните

Кризниот штаб едногласно се согласи дека сегашната поволна епидемиолошка состојба е одраз на „исклучиво високата одговорност на граѓаните“ изразена во претходниот период.

Според достапните информации и таканаречената стапка на инциденца, Србија е најдобра земја во Европа после Гренланд и Ватикан минатата недела, објавија денеска белградските медиуми.

Стапката на инциденца во Србија беше 6,94 заразени на 100.000 граѓани, додека во Германија изнезуваше 29, 34 во Италија и 94 во Велика Британија.

Во Босна и Херцеговина, стапката на 100.000 жители беше 97, а највисоката стапка на нови инфекции во регионот минатата недела беше регистрирана во Црна Гора 586 на 100.000 граѓани, јавуваат денес белградските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот