Во Србија се иницира измена на полицискиот час поради шетање на домашните миленичиња

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска ќе иницира промена на ограничувањето на движење за време на полицискиот час, за граѓаните кои имаат потреба да ги шетаат своите миленици еднаш во текот на вечерта.

Предлогот е да им се овозможи на сопствениците на миленичињата да излезат од домовите во траење од 20 минути помеѓу 20 и 21 часот, а ќе можат да одат најмногу 200 метри од адресата на живеење.

Исто така, на сопствениците нема да им биде дозволено да се собираат во групи, туку ќе мораат да ги почитуваат донесените мерки на српската Влада.

Во Србија веќе седми ден на сила е вонредна состојба, петти ден како е на сила полициски час, кој од денеска треба да се прошири и ќе трае од 17 часот до 5 часот наутро. Исто така, на сите постари лица од 65 години, забрането им е движењето, освен во неделите во периодот од 4 до 7 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот