Во Србија регистрирани 73 нови случаи и три нови жртви, вкупно заразени 457 лица

Во Србија во изминативе 24 часа, од 295 новотестирани, позитивни на коронавирусот биле 73 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 457 лица, изјави на денешната владина прес конференција директорката на Институтот за јавно здравје „Батут” Верица Јовановиќ.

Во последните 12 часа хоспитализирани се 47 заболени, а вкупно 25 лица кои се водат како тешки случаеви ставени се на респиратор.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ кажа дека денес е тежок ден за Србија, бидејќи во еден ден се регистрирани три смртни случаи, затоа што синоќа починале две лица, К.С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар во Белград и П.Б (62), која бил хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш, додека непосредно пред прес-конференцијата, во Белград од коронавирус починала особа на 48-годишна возраст. Со тоа билансот на починати лица од коронавирус се искачи на 7 лица.

Прочитајте и...  ЈСП: Од петок продолжува да важи бесплатниот превоз за возрасни лица

На прес конференцијата беше кажано дека во Србија досега најмногу заболени има во Белград-177 лица, Ниш има 40 заразени граѓани, како и Ваљево, додека според вчерашните податоци Нови Сад има 21 заразени лица, Чачак 13, Крагуевац има 12 лица со потврден коронавирус, Крушевац и Чуприја имаат по 10 лица, а во Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево имаат помалку од 10 потврдени случаи.

Сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мораат да бидат сместени на Белградскиот саем, изјавија епидемиолозите на прес конференцијата, напоменувајќи дека тој нема да биде колективен центар.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во наредните 24 часа по препорака на лекарите треба да одлучи дали Белград, Ниш и Ваљево ќе ги затвори поради големиот број на заразени лица.

Прочитајте и...  Уличните продавачи на Лице в лице се враќаат на улиците (ВИДЕО)

Тој најави дека државата наскоро ќе излезе и со предлози за мерки за помош на приватниот сектор.

Во Србија во моментов има 67.000 работници кои се на „чекање” и оние кои не работат, а околу 168 компании престанаа со производство поради пандемијата на коронавирус, изјави директорот на Секторот за стратегиска анализа на Стопанската комора на Србија, Михаило Весовиќ.

Прочитај повеќе

Димески: МТСП не постапува по барањето за упис на легитимен претседател на Синдикатот на работниците за сообраќај и врски

Слободен печат

Песимистички прогнози за француската економија во вториот квартал

Слободен печат

Силно невреме во Грција: Една жена загина, регистрирани над 1600 молњи

Слободен печат

Франција ја укина дозволата за лекување на пациенти со хидроксихлорокин

Слободен печат

Претседателката на ЕК денеска ќе го претстави планот за економско опоравување

Слободен печат

Реакција на МO на изјавата на Ковачки: Додека вистинските експерти ја внесоа државата во НАТО, “експертот” знае само да плука и лаже

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Повеќето светски лидери“ го користат лекот на Трамп против коронавирусот

Слободен печат

Бектеши: Угостителските објекти со тераси може да отворат утре, работно време до 20 часот

Слободен печат

ДКСК бара да се спроведе Законот за дивоградби на крајбрежјето на Охридското езеро

Слободен печат

Бектеши: Најдоцна до утре уредба за платежните картички, а се спрема и уредба за издавање на ваучерите

Слободен печат

Понуда за туристи која не се одбива: Ќе ви платиме половина од патните трошоци, само дојдете!

Слободен печат

Во Украина се уапсени Македонец, Србин и Црногорец по обид за убиство (ВИДЕО)

Слободен печат