Во Србија пристигнаа уште половина милион кинески вакцини, досега со две дози се вакцинирани 20 отсто од граѓаните

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Србија околу 26 отсто од населението е вакцинирано со една доза, а 20 отсто со две дози од вакцината против коронавирус, соопшти денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа прецизираше дека во популацијата на возраст од 65-74 години вакцинирани се 51 отсто, а во делот од населението од над 75 години – вакцинирани се 41 процент.

Во Србија денеска пристигна нов контингент од половина милион дози вакцини од кинескиот производител Синофарм против коронавирус. Авионот со вакцините слета на аеродромот „Никола Тесла”, а го пречекаа Брнабиќ и амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо.

Брнабиќ рече дека со овој контингент, Кина доставила вкупно 2,5 милиони вакцини на Србија.

– Имаме нешто помалку од милион од сите други вакцини. Утре, кога пристигнуваат 106.470 вакцини на Фајзер, ќе ја надминеме бројката од 3,5 милиони добиени вакцини. Кога велам добиени, мислам – испорачани, бидејќи плативме за сите вакцини, рече Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот