Во Србија пристигнаа милион кинески вакцини

Српската премиерка Ана Брнабиќ прва се вакцинираше/ Белград, Србија/24 декември 2020/ Фото: EPA-EFE/SERBIAN GOVERNMENT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Авион со товар од еден милион дози од кинеската вакцина „Синофарм“ утрово слета на белградскиот аеродром. 

Десетте контејнери ги пречека претседателот на државата Александар Вучиќ, министерот за здравство Златибор Лончар, шефот на БИА, Братислав Гачиќ и кинескиот амбасадор во Србија, Чен Бо. Вучиќ најави дека тој најверојатно ќе ја прими кинеската вакцина во наредните денови за да покаже дека е безбедна за населението.

Кинеската вакцина се уште не е одобрена во Србија, поради што од Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на вирусот, претходно изјавија дека нејзината примена може да започне во недела или понеделник.

Вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ е третата вакцина што ќе се користи во Србија, по „Фајзер“ и руската „Спутник Ви“.

Србија соопшти дека досега се вакцинирани околу 19.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот