17.8 C
Скопје

Во Србија пристигнаа 58.500 вакцини на „Фајзер” и 100.000 дози на „Спутник V”

Нов контингент од 58,500 дози вакцини на „Фајзер-Бионтек” пристигна во Србија, што преставува досега најголемата единечна испорака на вакцините на ова акомпанија.

Вакцините се доставени до Институтот Торлак, од каде ќе бидат дистрибуирани до пунктовите за вакцинација.

Синоќа во Србија пристигнаа и 100.000 втори дози на руската вакцина „Спутник V”, а на 5 март треба да пристигнат уште половина милион кинески вакцини „Синофарм”.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во Србија сè уште има многу голем број на заболени пациенти од коронавирус.

Според најновите податоци во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 3.469 нови случаи на коронавирус и 16 смртни случаи.

Досега во Србија вкупно 462.728 лица се имаат разболеле од овој вирус, а регистрирани се 4.459 смртни случаи. На болничко лекување се наоѓаат 3.977 пациенти од кои 164 се на респиратори.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар