Во Србија поради тартуфи убиени двајца браќа, а двајца повредени

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во болницата во Сремска Митровица се пренесени и повредени двајца мажи, кои се осомничени дека го извршиле убиството.

Две безживотни тела се пронајдени утрово во близина на Сремска Митровица. Мажите починале како резултат на истрели од огнено оружје, јави дописникот на МИА од Белград.

Во болницата во Сремска Митровица се пренесени и повредени двајца мажи, кои се осомничени дека го извршиле убиството.

Полицијата сè уште нема соопштено официјалните информации, но според белградските медиуми станува збор за конфликт околу потрага по печурки тартуфи.

Се наведува и дека двете жртви биле браќата П.Ј. (43) и С.Ј. (37) од Футог, кои се убиени во шумата во селото Јарак. Наводно, браќата отишле да бараат тартуфи, каде се сретнале со браќата Д.Е. (38) и Н.Е. (36) по што се случила расправија меѓу четворицата, а потоа и конфликт. Убиените браќа наводно со секири претходно ги нападнале другите двајца браќа, кои потоа пукале во нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот