Во Србија од ковид починаа 68 лица, регистрирани 5.275 новозаразени

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 5.725 нови случаи на коронавирус, од 21.154 тестирани примероци, а починале 68 лица.

коронавирус
EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во болниците има 6.729 пациенти со Ковид, од кои 270 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани вкупно 1.174.333 позитивни случаи на коронавирус, тестирани се 6.425.079 лица, а како последица од Ковид починале 10.271 лице. Стапката на смртност е 0,87.

Фото: EPA-EFE

Српскиот кризен штаб донел одлука есенскиот распуст за основците и средношколците во Србија да биде продолжен на девет дена,однсоно од 8 до 12 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот