Во Србија, од коронавирус починаа 15 лица, ново заразени се 2.442

Србија ковид-19/Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во претходните 24 часа 15 лица починаа во Србија како резултат на инфекција со коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 4.321.

Според податоците на Институтот за јавно здравје на Србија, тестирани се 11.649 лица, а присуството на вирусот е потврдено во 2.442.

На болничко лекување има 3.523 пациенти со ковид-19 што е 24 повеќе отколку според вчерашните податоци, додека на апарати за дишните има 153 пациенти, односно еден повеќе од вчера.

Стапката на смртност во моментов е еден процент.

Од почетокот на епидемијата, во Србија биле тестирани 2.835.856 лица, а лабораториски е потврдено присуство на вирусот кај 434.122 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот