Во Србија и натаму секој ден многу нови случаи на коронавирус

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Србија моментално има 546 хоспитализирани пациенти, а на респиратори се 15 заболени.

Србија и натаму бележи над 50 новозаразени од коронавирус на дневна база, а меѓу 5.470 тестирани во последните 24 часа 59 биле позитивни на ковид-19, покажуваат официјалнтие податоци на министерството за здравство објавени во вторникот.

Со уште еден смртен случај од понеделникот до 15 часот денеска, Србија од 6 март кога е прогласена епидемијата од коронавирус, има вкупно 256 жртви на инфекцијата, со процент на смртност од 2,06.

Во тој период се тестирани 313.483 лица, а регистрирани се вкупно 12.426 заразени.

Србија моментално има 546 хоспитализирани пациенти, а на респиратори се 15 заболени.

Таа статистика и натаму Србија ја држи на листата на земји чии државјани не можат слободно да ги преминат границите на повеќето европски држави меѓу кои и членките на ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот